Мицкоски: Имаме светски признати здравствени работници, само треба да ги задржиме

Значи ние главниот ресурс го поседуваме, имаме луѓе коишто имаат светско знаење, само треба да им се обезбедат услови и да најдеме начин да ги задржиме, рече Мицкоски.

644

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Хистијан Мицкоски презеде вина за состојбата на здравствениот систем во земјава. Тој во емисија на телевизија Клан рече дека „не би бил чесен ако кажам дека целата вина е на ова раводство на СДСМ“.

– Да точно сите наназад имаме и сносиме определана вина зошто нашиот здравствен систем е ваков каков што е, но од друга страна, треба да сме сите свесни и да сме чесни да кажеме дека имаме исклучително квалитетни здравствени работници кои што не само во Македонија, туку се признаени секаде во светот како луѓе коишто се исклучително квалитетни. Значи ние главниот ресурс го поседуваме, имаме луѓе коишто имаат светско знаење, само треба да им се обезбедат услови и да најдеме начин да ги задржиме – рече Мицкоски.






Мицкоски смета дека е потребно државата да има посебен фокус кон здравството

–  Ние денеска гледаме скандали коишто генерално се поврзани со еден поранешен директор на Фондот за здравство и многу шпекулации. Во минатото пред пандемијата ни се случуваа тендери да одат во анонимни компании со мејлови од типи Жути – рече Мицкоски.

Тој рече и дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма има предвидени инвестиции во здравството кои ветува дека ќе ги реализира.

 

Поврзани содржини