Мицкоски: Имаме четири години украден живот и хибриден режим на мафијата на власт

На шесто место сме според бројот на луѓето кои што го загубија својот живот поради неспособноста на нашата влада и ковид пандемијата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

244

Први јуни 2017 година беше формирана првата Влада со мандатар Зоран Заев . Точно имаше надеж кај народот за неговите ветувања. Но, по 4 години резултатат на сето ова е едно погромно разочарување, изјави Христијан Мицкоски на прес конференција.

Никогаш не било лесно овие 30 години независност, но сега народот живее буквално најтешко. Оваа Влада ги сруши стандардите во политиката, ненормалното стана нормално. Овие 4 години украден живот, украдоа 4 години живот, ги празнат џебовите на народот, 4 години хибриден режим, на мафијата на власт. Рашкоски кој го брани Заев не е причината туку последицата, а другите чувари на криминалот се слугите на Заев. 1461 ден одење наназад, а за за возврат Договор со Бугарија и многу криминал и неправда, изјави Мицкоски.






– Во делот на економијата ветуваа раст од 5 % на БДП секоја година , но каква е реалноста просечниот е 0, 7% или за 7 пати помалку за тоа што го ветуваа . Од 01. 01. 2018 до 31. 2020, БДП се зголеми за 700 милиони евра, а јавниот долг порасна за една милијарда и 700 милиони евра. Ветуваа правичен даночен систем, вовеадоа скалест данок, а мерката имаше катастрофални ефекти врз домашнита економија, откако нанесоа штета со десети ци милиони евра во стопанството , се одлучија пак да се врата на рамен данок. СДИ ветуваа дека ќе бидат рекордери на Балканот , а каква е реалноста .. Во 2020 директните странски инвестиции во Македонија се 1, 9 % од БДП, а во соседите состтојбата е следа во БИХ има СДИ 2, 1% од БДП, Косово 4% и Србија 4, 8, Црна Гора 11 % .. Длабоко сме на дното, а нема странски директни инвестиции оти оваа влада е најкорумпирана во Европа .. Најкорумпирана во држава, најлоша во независна држава, а тоа е така оти апаши ни ја водат државата . 8 милијадри евра ќе завршат како бројки на хартија ..Во Енергетика ветуваа многу . Ветуваа изградба на Чебрен и Галиште, 4 години подоцна нема ништо. само човек штои е тотално одлепен од реалноста, може да дае ваков рок за изградба. Но на лагата на Заев и нема крај. Во програмата за живот . 4 годибни шајка не заковаа, а производството на ее е најмало во историјата – изјави Мицкоски.

Не само што не сме рекордени, туку сме длабоко заковани на дното по однос на привлекување на странски директни инвестиции, изјави лидерот на ВМРО ДЕПМНЕ на пред конференција, анализирајќи ја работата на Владата во изминативе четири години.

– По однос на странските директни инвестиции ветуваа дека ќе бидат рекордери на Балканот, а каква е реалноста? Еве би сакал да ги споменам само бројките во оваа 2020 година која е позади нас. Директните странски инвестиции во Македонија изнесуваат ни повеќе ни помалку од 1,9 проценти од БДП, додека пак во соседството бројките се следни БиХ има странски директни инвестиции во 2020 година во вредност од 2,1 процент од БДП, Косово 4, Србија 4,8, Албанија 5,7, Црна Гора 11 проценти. Не само што не сме рекордери туку длабоко сме заковани на дното, а нема странски инвестиции затоа што оваа Влада е најкорумпираната во Европа, затоа што сме најкорумпираната држава според скалата на Транспаренси ние сме 111-то место, најлошото во историјата, најлошо во независна Македонија затоа што апаши ни ја водат државата – изјави Мицкоски.

Во делот на енергетиката ветуваа многу во програмата За живот со која настапија на изборите во 2016 година голем дел од тие проекти ги повторија во оној план за 5 милијарди евра инвестиции во 2019 година, ги препишаа за време на предвремените парламентарни избори во 2020 година, а дел од тие проекти ги слушнавме и на прес конференцијата на Зоран Заев каде вети нов инвестициски бран од замислете ни повеќе ни помалку 8 милијарди евра. По принципот на Фејсбук, Гугл, Фолксваген, претпоставувам и овие 8 милијарди евра ќе завршат само како бројка напишана на хартија, а за жал во реалноста ни трага ни глас.

На шесто место сме според бројот на луѓето кои што го загубија својот живот поради неспособноста на нашата влада и ковид пандемијата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.

– Рекордери сме на Балканот по бројот на лица кои што се заболени барем оние кои што се регистрирани бидејќи знам огромен број на лица кои што воопшто не се регистрирани а го поминаа, поради несоодветниот одговор на здравствените установи односно неможноста да се одговори останаа и го поминаа КОВИД вирусот во домашни услови. Неславни рекордери се според неинвестирањето во здравството за време на пандемија според Светска Банка сме убедливо на дното во регионот и во Европа. Тоа се за жал неславни рекорди кои што не ги ветија но за жал ги реализираа – посочи Мицкоски.

Поврзани содржини