Мицкоски имал телефонски разговор со Палмер
Во разговорот од страна на Мицкоски било посочено дека потребни се квалитетни решенија за престојниот попис на населението, како и конечен договор со источниот сосед, кој нема да опфати било какви национални и идентитетски отстапки, а нашиот источен сосед ќе подржи одржување на меѓувладина конференција, без дополнителни условувања, а билатералните прашања да се решаваат надвор од процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, се вели во соопштението.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со заменик помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер при што се разговараше за актуелните политички и општествени случувања во земјава, како и за исполнувањето на стратешките приоритети, информира опозициската партија.
„Во разговорот беше потврдено стратешкото пријателство со САД, и посветеноста во исполнување на агендата поврзана со НАТО Алијансата и исполнување на потребните демократски вредности.Од страна на претседателот Мицкоски беше истакната потребата за почитување на принципите за владеење на правото и правната држава, како и неопходноста од реформи кои ќе значат одлучна борба против криминалот и корупцијата. Воедно беше истакната потребата од дијалог на највисоко ниво за клучните прашања важни за граѓаните и заедничкиот напредок“, се вели во партиското соопштение.