МИЦКОСКИ ИМА ДОВЕРБА ВО РАБОТЕЊЕТО НА МЕЏИТИ Премиерот ја повика ДУИ да му донесе докази за наводната корупција на вицепремиерот

Премиерот има целосна доверба во работата на потпретседателот на владата и министер за животна средина.

280

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика ДУИ да му ги достави сите документи со кои располага во врска со наводната корупција на потпретседателот во Владата и министер за животна средина Изет Меџити и неговиот шеф на кабинет.

– Јас со потпретседателот на Владата имам непосредно исклучиво блиска соработка и имам целосна доверба во неговото работење. Апсолутно ги повикувам сите оние кои поседуваат било какви докази за тоа на кои се повикуваат оние од ДУИ да дојдат и да ги донесат. Го имаат мојот број, сите го знаат, денес-утре да дојдат и ако сум на седница ќе ја напуштам за да ги видам тие докази и да ги предадеме на соодветните органи кои треба да постапуваат. Во спротивно ги предупредувам оние од ДУИ дека продолжуваат да сеат пердуви, да занимаваат со магла, магла којашто е оптоварена со зборот корупција која беше нивно второ име во минатото во кое што главен атрибут беше трговскиот центар Соравија, „ролс ројс“ автомобилите на сватовите, деловните простории на неговиот потпретседател… Ги разбирам дека тоа е во нивната потсвест, но јас имам доверба во работењето на Меџити – рече Мицкоски.

Поврзани содржини