МИЦКОСКИ ИМА „БЛАГО ЧУВСТВО НА ГАДЕЊЕ“ ОД ЗАЕВ Одговорност за тетовската трагедија мора да има! (ВИДЕО)
„Бевме кај семејството на една од тие жртви. Луѓето сè уште ги преживуваат тој хорор што се случи тој ден. Разговарав со двајцата синови на мајката, која е жртва на тие настани. Дел од тоа што го преживеаа, пренесоа. Тоа што го слушнав е траорно, трагично и болно. Тоа што како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го ветиме е дека оваа работа ќе ја истуркаме до крај и виновниците мора за ова да понесат одговорност, без разлика дали таа е функционална или морална“, изјави Мицкоски по посетата на Нераште.
Навистина кога човек ќе се поистовети со функцијата и кога себе си ќе се интерпретира дека „функцијата тоа сум јас“, во услови кога невини човечки животи згаснаа, е жално. Доколку тој човек не чувствува ни малку морална одговорност и тоа се обидува да го интерпретира дека ако тој заминел Мицкоски ќе биде премиер, навистина освен она благо чувство на гадење, нема што да кажам, му одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на премиерот Зоран Заев, кој рече дека нема намера да поднесе оставка.
Мицкоски најави дека тој и ВМРО-ДПМНЕ многу брзо ќе преземат чекори за оставките.
– Не очекувам непристрасна истрага. Додека министерот за здравство, заменикот министерот и овие луѓе се таму каде што се, нема објективна истрага. Многу е јасно, луѓе објектот немал дозвола, а е пуштен во употреба. Овде треба кривична одговорност, треба десетици години затвор за тие кои дозволиле тоа да се случи. Што треба истрагата повеќе да констатира? Ева јас сум инженер, не знам што треба повеќе да констатираме – рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Нераште бил во посета на семејство на загината во пожарот во модуларната болница во Тетово. Тој изјави дека разговарал со семејството и им изразил сочувство.
– Бевме кај семејството на една од тие жртви. Луѓето сè уште ги преживуваат тој хорор што се случи тој ден. Разговарав со двајцата синови на мајката, која е жртва на тие настани. Дел од тоа што го преживеаа, пренесоа. Тоа што го слушнав е траорно, трагично и болно. Тоа што како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го ветиме е дека оваа работа ќе ја истуркаме до крај и виновниците мора за ова да понесат одговорност, без разлика дали таа е функционална или морална. Ако веднаш не се понесе одговорност, ако нема веднаш оставки, барем од тие кои се надлежни, а тоа е министерот за здравство, но и ако немаме истрага која ќе даде одговор на многу прашања, како може објектот да нема противпожарна заштита, како може да нема дозвола за употреба … Апелирам за малку совест и морално ниво на тие што се најодговорни да понесат одговорност, а преку темелна истрага да ги констатираме вистинските виновници кои ќе понесат кривична одговорнос – изјави Мицкоски.
Еве видео-инсерт од посетата на Мицкоски на домот на семејство кое претрпе огромна загуба во изгорената модуларна болница: