МИЦКОСКИ ИМ ВЕТИ НА ГЕВГЕЛИЧАНИ Никому нема да се одмаздуваме!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ВМРО-ДПМНЕ е свесна за, како што рече, непринципиелната црна кампања која што се води кон опизицијата и кон Андон Сарамандов, кои од власта беа прогласени за „зло“.

180

Нашата цел не е политички реваншизам, нашата цел е спроведување на законите, чесно работење, да создадеме заедно нова иднина бидејќи сето она кое што се случува изминатите 52 месеци е спротивно на она за кое што ние се залагаме. Нека бидат спокојни, секој оној кој што чесно домаќински си ја работи својата работа со платата која што ја заработува, го храни своето семејство, обезбедува егзистенција за своето семејство е наш пријател и ние ќе бидеме рамо до рамо со тие луѓе. Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на средба со граѓаните во Гевгелија.

– Но, сите оние кои што се огрешиле пред законот навистина треба да бидат загрижени.






Така што, почитувани гевгеличани, немојте да се грижите за вашата иднина, вашите работни места се сигурни и вие таму ќе бидете во иднина, а нашиот план е да обезбедиме дополнително работни места, и дополнително да ја вратиме сјајот на Гевгелија и овој регион. Тоа е она за кое што ние се залагаме, ВМРО-ДПМНЕ сака да гради иднина, а не да се враќа назад во минатото и да брка некакви сеништа за кои што денес зборува нашиот политички противник, власта и СДСМ – рече Мицкоски.

Тој изрази благодарност за поддршката која што ја доби нивниот кандидат за градоначалник градоначалник Андон Сарамандов. Во Гевгелија победи советничката листа која што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова за Македонија.

– Свесни сме за притисоците, заканите, обидите за поткуп кои што помеѓу двата круга ги прави власта овде во Гевгелија, сите оние непринципиелни понуди и сето она кое што се случува овде во Гевгелија, дека се случува. Нашата порака до гевгеличани е дека сето ова може да се превенира само со масовна излезеност во вториот круг и поддршка за Сарамандов – рече Мицкоски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е свесна за, како што рече, непринципиелната црна кампања која што се води кон опизицијата и кон Андон Сарамандов, кои од власта беа прогласени за „зло“.

Поврзани содржини