Прашањето кај секој еден кумановец кој што треба да си го постави е дали живеете подобро. И што овие луѓе направија изминатите 30 години за вашето Куманово, за нашата Македонија? И дали тоа што го направија е доволно за да ние на 17-ти октомври излеземе и го дадеме гласот за нив или пак излеземе на 17-ти октомври и гласаме за човекот кој што денеска наброја онолку проекти колку што тие во 70 години половина немаат реализирано“, ги запраша граѓаните Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Куманово.
– Време е да си заминат Зоран Заев и неговите градоначалници, малите зоранчиња. Така и овде во Куманово, но овде вие имате привилегија, овде немате еден таков, овде имате двајца. Двајца послушни зоранчиња, кои што се кандидираат за градоначалник. Едното е она кое што е велат дека гордо се преставувало како прва виолина на Оливер Спасовски, тоа е Оливер Илиевски се викал. А, вториот додуше малце попалав е во последниве неколку недели, Максо се викал. Но, прашањето е кај секој еден кумановец, кој што треба да си го постави е дали живеете подобро и што овие луѓе направија изминатите 30 години – нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека тој е убеден дека 17-ти октомври кумановци ќе го изберат Тони Михајловски, ќе го изберат бројот 7, за тоа што кумановци овој пат се решени за промени, решени се за проекти и решени се за победи. Време е да се создаде нова подобра иднина за Куманово.
Тој истакна дека кога СДСМ и Заев зборуваат дека се најдоброто, тоа всушност значи дека се најлошото за Македонија затоа што петта година се на власт и потрошија 16 милијарди евра, и ништо не направија, но затоа секое семејство го задолжија за 4.500 евра.
– Ништо не направија за народот, а направија многу за себе. Испокрадоа тоа што можеше да се испокраде, распродадоа тоа што остана за распродавање. Владата на СДСМ, од 1 јуни 2017 година заклучно со 30 септември 2021 година, точно 52 месеци потроши народни пари 16 милијарди евра, тоа се пари на народот, тоа се пари на граѓаните тешко спечалени пари. Но што направија со тие 16 милијарди. Дали некој се сеќава дека ветија нови 500 километри автопат, а не можат после 52 месеци да го завршат ни тој кој претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ го започна – рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека никаде ги нема ни ветените инвестиции од Гугл, Фејсбук, Икеа, а го нема ни растот од 5 до 7 отсто на економијата.