МИЦКОСКИ ИМ ПОСАКА СРЕЌА НА РАКОМЕТАРИТЕ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО На премиерот му подарија дрес со број 1

„Последните тактики и насоки од Кире прават невозможното да стане возможно. Овие момци ќе го остават срцето на терен. Тренингот заврши со познатиот спортски поздрав…, за когоооо? За Македонијаааа. Среќно лавови…“, напиша премиерот.

531

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваа на подготовките на машката сениорска ракометна репрезентација.

Тие на ракометарите и на стручниот штаб им ги честитаа празниците и им посакаа успех на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во овој месец.






Во знак на благодарност за поддршката, селекторот на репрезентацијата Кире Лазаров на премиерот Мицкоски му подари персонализиран дрес со број 1.

Премиерот на својот профил на Фејсбук вечерва одбјави дека работниот дел од денот го завршил на тренинг заедно со Борко Ристовски, раководството на ракометната федерација на Македонија, стручниот штаб на ракометната репрезентација и со македонските лавови, ракометни репрезентативци.

„Последните тактики и насоки од Кире прават невозможното да стане возможно. Овие момци ќе го остават срцето на терен. Тренингот заврши со познатиот спортски поздрав…, за когоооо? За Македонијаааа. Среќно лавови…“, напиша премиерот.

Македонија на Мундијалот во групната фаза ќе игра во Вараждин во група со Унгарија, Холандија и со Гвинеја.

Поврзани содржини