МИЦКОСКИ ИМ ПОРАЧА НА СДСМ И НА ДУИ ДА СЕ ЗАСРАМАТ „Ова што се случи е поради вашата коруптивна политика“

517

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешната трибина во Куманово ,,Од енергетска стабилност до силна економија“, и се осврна на темата за Извештајот на Европскиот парламент и зборуваше за реакциите на опозицијата на оваа тема.

Тој истакна дека нивните грешки, кога беа на власт, и коруптивни политики доведоа до оваа ситуација да Македонија се соочува сега со национални компромиси. Мицкоски на крај заклучи дека нивните политики се предавство на македонскиот народ и на Македонија.






– И ние како народ и земја ја имаме таа судбина да ги имаме тие неправди, но барем јасно е сега на сите и во Европа и во целиот свет, дека во суштина, не биле проблем Бугари во Устав, туку нешто многу подлабоко, нешто многу поголемо. А тоа е, македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Но, имам само една порака до СДСМ и до опозицијата, кои не чекаа дури и да заврши гласањето во Европскиот парламент. А тоа е, засрамете се. Треба да ви е срам. Тоа што им го правите на македонскиот народ, на македонските граѓани и на Македонија како држава – рече Мицкоски.

Премиерот обвини дека СДСМ и ДУИ не ја зборувале вистината пред македонските граѓани, и дека тоа го претставувале само како една мала интервенција која треба да се направи во Уставот.

– Да не беше прифаќањето на оној последен предлог, со којшто лажевте и не ја говоревте вистината пред македонските граѓаните и македонскиот народ, дека е обезбеден и македонскиот идентитет и македонскиот јазик, дека се обезбедени стратешките приоритети, дека само треба една мала интервенција да направиме во Уставот и тука завршува се, наеднаш млеко и мед ќе почне да тече по улиците – кажа Мицкоски.

Тој истакна дека тоа била најголемата лага која за догледно време ги затвори вратите во Европа, за македонскиот народ и за македонски граѓани.

– Тоа е суштината која што тие ја направија. Тоа е болката која што тие му ја нанесоа на македонскиот народ и на македонските граѓани. Тие нема да заборават и многу скоро од денеска, за неколку месеци, на избори ќе им кажат дека понекогаш државотворната СДСМ останува само една обична маргинална политичка партија која што набргу заминува во историјата – порача лидерот на партијата на власт.

Помни народот и за фотографиите од авиончето со пораки дека сме ги почнале преговорите. Памети народот како го лажевте и вие од СДСМ и ДУИ и Стево Пендаровски, кога излегоа и го прифатија последниот предлог во кој сега нашата Македонија има опција. Или народот да се откаже од својот идентитет под уцени од Бугарија, или нема придвижување кон ЕУ. Таа е таа реална и болна вистина која што за жал ние ја живееме, рече Мицкоски.

– Се навлековте заедно со ДУИ, седнавте во скут затоа што бевте корумпирани и ве држеа со уцени и низ заеднички зделки во сите сектори во државата, се продадовте. Затоа ќе ја повторам мојата порака: Срам сте за Македонија и за македонските граѓани – им порача премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини