МИЦКОСКИ И УРСУЛА ЌЕ ГО МЕНУВААТ ЛИКОТ НА КОЧАНИ Премиерот вети целосна трансформација на градот

Со претседателката на ЕК разговаравме да имаме заедничка акција, да направиме јасен план за Кочани, можеби ќе го именуваме „Кочани 2030“ во којшто ќе вложиме огромна сума пари во реконструкција на ваков тип на објекти, меѓу кои е и кочанската болница, но и на други инфраструктурни објекти... Подготвуваме еден огромен проект кој ќе биде реализиран од оваа Влада и за граѓаните на Кочани, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

5,191

Премиерот Христијан Мицкоски најавува заедничка акција помеѓу Европската Комисија и Владата – Кочани 2030, за реконструкција на инфраструктурни објекти, како што е кочанската болница, но и училишта, спортски сали, паркови и патна инфраструктура.

За овој план Кочани 2030, како што посочи премиерот Мицкоски, веќе разговарал со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.






– Со претседателката на ЕК разговаравме да имаме заедничка акција, да направиме јасен план за Кочани, можеби ќе го именуваме „Кочани 2030“ во којшто ќе вложиме огромна сума пари во реконструкција на ваков тип на објекти, меѓу кои е и кочанската болница, но и на други инфраструктурни објекти… Подготвуваме еден огромен проект кој ќе биде реализиран од оваа Влада и за граѓаните на Кочани – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за промоција на оперативниот план за вработување.

Прашан дали ќе се зголемат ресурисите во болницата во Кочани, Мицкоски рече дека повредените од пожарот во Кочани апсолутно се прв приотитет за Владата уште од првиот ден, изразувајќи уверување дека „ниту еден пациент нема да остане незгрижен и ниту еден пациент нема да остане нетретиран онака како што заслужува“.

Затоа, посочи Мицкоски, веќе таму се праќаат специјални медицниски тимови кои во перидот што следи ќе се грижат за здравјето на луѓето кои што имаа полесни и потешки повреди.

– Што се однесува до условите во кочанската болница, можам со жалење да констатирам дека во Македонија во моментов во болниците има и полиши услови. За жал. И, за жал, ние во овие 11 месеци не успавем сите болници, се што е уништено изминатите децении да го реновираме, но апсолутно се прв приотитет тие луѓе и тоа го покажавме уште од првиот ден. Застанавме како Влада зад тие луѓе и направивме се што можевме да направиме. Прво безбедно да можат да бидат згрижени надвор од државата, а потоа безбедно да бидат вратени назад во државата – изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека не сака јавно да зборува што и како прават, затоа што, како што рече „смета дека не треба да се злоупотребува оваа човечка трагедија“.

– Конкретно вчера на владина седница донесовме повторно заклучок финансиски да покриеме транспорот со владин авион на еден повреден што доаѓа од Грац, Австрија. Јас ќе повторам, не сакам за овие работи јавно да зборуваме, изјави Мицкоски.

За жал, рече Мицкоски, загубивме двајца пациенти од тие повеќе од 200 лица кои беа жртви на овој ужасен настан и последиците кои што ќе го сносат.

– Поради брзата реакција можеби тоа е многу, можеби е малку. Секој еден изгубен човечки живот е премногу, но ние се трудиме максимално се што е во наша моќ како Влада, фокусирано тоа и го направиме, изјави Мицкоски.

Поврзани содржини