МИЦКОСКИ ГО ПРЕДЛОЖИ ГАШИ ЗА ПРЕМИЕР Предвремени избори во мај-јуни
Апелирам на разум, на одлуки кои ќе се базираат на тоа што е најдоброто за државата и народот. Ова е отворен апел до власта за брзи избори, како единствено решение за излез од политичката и економска криза, и наша обврска за борба за нова иднина кон која сите заедно се имаме обврзано, вели Мицкоски.
Во февруари или во март да се формира техничка влада, а во мај-јуни да имаме предвремени парламентарни избори, побара денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција. Во меѓувреме за премиер го предложи Африм Гаши, за кого вели дека во Владата влезе како многу загрижен за европската иднина на Македонија, па би сакал да го поддржи во намерите.