МИЦКОСКИ ПРАША КОЈ Е СЕГА КОВАЧЕВСКИ? Зборувате против режимот, а не ги штедевте дланките за „Скопје 2014“

Во текот на дебатата, Мицкоски неколкупати му повтори на Ковачевски: Полека, нема потреба да се нервирате!

971

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот „Дуел за Македонија“ на телевизија Канал 5 го праша лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски кој е всушност тој – нној кој го поддржувал проектот „Скопје 2014“ во минатото и аплаудирал на настаните или овој сега кој го критикува.

– Околу вашата позиција кој е сега Ковачевски оној при отворање на проектите од „Скопје 2014“ како официјално лице на една компанија или овој кој сега ги критикува. Кој Ковачевски сте, тој што се поклонуваше на тие антички статуи, отворајќи објекти како Македонскиот театар, Музејот на ВМРО, македонската јавност мора да знае – кажа Мицкоски.






Мицкоски му укажа на Ковачевски дека тогаш не ги штедел дланките и можеби давал најгласен аплауз.

Во текот на дебатата, Мицкоски неколкупати му повтори на Ковачевски.

– Полека, нема потреба да се нервирате!

Поврзани содржини