МИЦКОСКИ ГО ПОЧНУВА МАНДАТОТ По преземањето на функцијата од Џафери оди во Штип

Денеска, функциите од своите претходници денеска ќе ги преземат и новоизбраниот вицепремиер за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за здравство Арбен Таравари. 

805

Во Владата денеска во 10 часот новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски ќе ја преземе функцијата од досегашниот технички премиер, Талат Џафери.

Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски и Џафери ќе имаат кратка средба.






По преземањето на функцијата, Мицкоски ќе замине за Штип каде што ќе присуствува на поставување на камен-темелник на нова спортска сала „Џексон”, а потоа ќе направи увид во градењето на новиот булевар Илинденска.

На премиерот Мицкоски во Штип подоцна ќе му се придружи и министерот за здравство Арбен Тараври, со кого ќе направат увид во состојбата на штипската Болница.

Денеска, функциите од своите претходници денеска ќе ги преземат и новоизбраниот вицепремиер за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за здравство Арбен Таравари.

Поврзани содржини