📷 МИЦКОСКИ ГИ УДРИ ТЕМЕЛИТЕ НА НОВОТО УЧИЛИШТЕ ВО ГАЗИ БАБА Развојот на образованието е во фокусот на Владата
Премиерот истакна дека му е големо задоволство да биде дел од ваков настан, особено кога се започнува градба на училиште каде што идните генерации ќе можат да се стекнуваат со знаење.
Премиерот Христијан Мицкоски утрово ги удри темелите на новото основно училиште во Гази Баба, во кое ќе учат 700 деца.
Тој истакна дека му е големо задоволство да биде дел од ваков настан, особено кога се започнува градба на училиште каде што идните генерации ќе можат да се стекнуваат со знаење.
– Му честитам на градоначалникот, на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на пратениците коишто доаѓаат од овде, од Општина Гази Баба, на администрацијата којашто е секогаш тука да помогне во реализација на вакви проекти. Ние заедно како Влада со Министерството за образование и наука ќе продолжиме да помагаме во ваков тип на објекти, капитални инвестиции. Образованието претставува наш фокус и образованието е основа за правилен раст и развој на децата, но истовремено и темел на којшто треба понатаму да се гради една држава. Tака што уште еднаш дозволете ми еве да го искажам моето огромно задоволство што мислам градоначалникот рече во рок од максимум две години, овде ќе биде изградена една нова претставителна со европски квалитет зграда во којашто повеќе од 700 дечиња ќе можат да стекнуваат знаења, да се дружат и да ги поминуваат своите ученички денови во ова основно училиште – порача премиерот Мицкоски.