Мицкоски ги продал уделите во малите хидроцентрали

971

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ најави дека партија утре ќе го избере новиот генерален секретар.

– Јас веќе подолго време не сум сопственик и навистина не сум ниту директно, ниту индиректно поврзан со какви било производители на електрична енергија ниту во Македонија, ниту надвор од Македонија – истакна Мицкоски, посочувајќи дека по изборите ДКСК донела заклучок во кој вели дека нема ниту корупција, ниту злоупотреба, ниту пак нешто друго да го инкриминира.






Нотој  не откри колкав приход остварил од продажбата на уделите, само одговори дека „бил на своето“.

Во врска со поскапувањето на цената на струјата и одлуките околу тоа прашање, Мицкоски рече дека секогаш е добро да знаат граѓаните оти цената на електричната енергија се одредува со важност од 1 јули. И тоа, како што рече, е така секогаш.

– Оваа година тој принцип се напушти и цената за електричната енергија за граѓаните и за оние коишто ги снабдува универзалниот снабдувач важи од 1 август. Зошто е тоа така? Одговорот е едноставен затоа што имаше избори и дека на сите им беше јасно дека цената на електричната енергија за граѓаните кои ја добиваат електричната енергија од универзалниот снабдувач ќе биде поголема. Нереално е голем процентот којшто го има универзалниот снабдувач, а тоа е 11,5 проценти на вкупната сума на трошоците коишто отпаѓаат за да може ние како граѓани да ја користиме електричната енергија. На тоа треба да го додадете и ДДВ-то, така што не е баш така едноставна пресметката. И затоа за да не се изгубат политички поени Владата одлучува на РКЕ да и сугерира да ја одложат оваа одлука која што треба да се донесе најдоцна до 30 јуни, а да биде ефективна од 1 јули да одлучат да ја донесат на 31 јули, а да биде ефективна од 1 август. И тоа не е чесно – појасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека не требало да се зголеми цената на струјата, од причина што несразмерно е голем процентот којшто се одвојува за универзалниот снабдувач.

– Нереално е висок процентот којшто го има универзалниот снабдувач. Доколку тој процент е во рамките на пазарните услови, тогаш немаше да се зголеми цената на електричната енергија за граѓаните. Електричната струја која што ја добива универзалниот снабдувач не е регулирана. Таа е цена која што тој ја набавува според Закон на тендер, а на тендерот државниот производител во случајов ЕСМ поранешна ЕЛЕМ има обврска со Закон да испорача 75 проценти од количините коишто му се потребни на универзалниот снабдувач. Втората работа која што е многу важна, зошто некој продаваше електрична енергија во јуни, јули месец за да покаже дека еве остварува добивка, а денеска имаме полупразни акумулации низ државата и конечно на крај зошто фингираме либерализација на пазарот на електрична енергија тоа што денеска се одразува врз цената на електрична енергија за граѓаните кога таа де факто и не се спроведува – потенцираше Мицкоски.

Поврзани содржини