Мицкоски: ЕУ мора да почне што поскоро преговори, но без никакви условувања
Мицкоски се обрати и кон Бугарија од која бара да не очекува договор со Заев на штета на македонскиот народ.
Денеска имаме држава, ама денеска немаме слобода. Трвдината што ја правеа револуционерите СДСМ денеска ја руши таа тврдина парче по парче, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протест пред Собранието од пред споменикот на ВМРО.
Тој испрати три пораки со кои, како што рече, одговара на тврдењето на власта дека ВМРО-ДПМНЕ нема мислење по ниту едно прашање значајно за земјата.
– Прво Македонија мора да отпочне преговори со ЕУ час поскоро тоа е нашата единствена иднина. ВМРО беше создадено за таа европска иднина. Македонија даде илајдници жртви против фашизмот и комунизмот.да не се заборави тоа ниту пак улогата кога се распаѓаше Југославија, бегалците на кои им отворивме врати, на нашите војници во светот. Македонија е браникот во кој се бранеше Европа од мигрантските бранови. Македонија дала и секогаш дава за Европа. Вистинско време е и Европа да му даде на овој народ иднина без никакви уцени и условувања – рече Мицкоски.
Мицкоски се обрати и кон Бугарија од која бара да не очекува договор со Заев на штета на македонскиот народ.
– Увререн сум дека и вас не ви требаат понижени соседи. Со мафијашка структура на власта на Заев не можете да се договорите, зашто тој го менува мислењето по неколкупати на ден – рече Мицкоски кој информира дека буграски политичари со кои разговара му рекле дека од Заев бараат да го исполни она што го ветил.
И третата порака на Мицкоски се однесуваше на Гоце Делчев и македонскиот јазик.
– Доколку навистина биде признаено и прифатено дека Гоце Делчев во регионална смисла е Македонец а по нација Бугарин, нашиот јазик е лингвистичка форма на бугарскиот, тоа ќе значи асимилација на македонската нација и сериозен удар врз државата. Ако тоа Заев го преточи во одлука. Таа одлука веднаш ќе ја поништитем кога ќе дојдеме на власт и ВМРО-ДПМНЕ никогаш во иднина нема да ја почитува – рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ има став за сите значајни праша
– ВМРО-ДПМНЕ има став за се, како што магарешната влада на Заев нема решено ниту едно прашање. Тој вели дека ги отворил портите за ЕУ но зад нив стои амбис. Тој се игра со нашата историјата. Работата дојде до таму од другата страна да праќаат полк да рушат, ама нема од овде реакција.- рече Мицкоски..
Тој зборуваше за справувањето на власта со коронакризата, но и корупцијата во власта.
– Имаме работа со влада за која магарињата се поскапи од човелките живот.Не е само Лидија Димова одговорна за магарешките работи на Зоран Заев. Власта е во фаза на византиска пропаст. Бидјеќи во неа е се фиктивно како што е фиктивен часовникот – рече Мицкоски.
Протестот на ВМРО-ДПМНЕ почн од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром и заврш пред Собранието.
По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.