Мицкоски: Експертска влада и парламентарни избори на пролет

444

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара формирање експертска влада, а кога ќе се создадат здравствени услови да се организираат парламентарни избори. Според Мицкоски, тоа би можело да се случи заедно со локалните избори на пролет.

Мицкоски во интервју во емисијата „Студио 10” на ТВ 24 зборуваше за политиките на актуелната Влада предводена од преммиерот Зоран Заев, како и за спорните решенија околу договорот со Република Бугарија.






– Мора да се формира влада за национален спас која заеднички ќе изгради несоборливи црвени линии кои ќе бидат штитот на македонскиот идентитет -кажа Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија исто така побара усвојување на Меморандум во Собранието во однос на идентитетските прашања.

Тој посочи дека теоретски ако ние сега ги почневме преговорите кои ги посакуваме, повторно ќе стоеше тој Дамоклов меч од тој момент, до полноправно членство за сите овие прашања кои се отворени од политичарот Зоран Заев.

– За овие прашања не требаше да разговараме, требаше да ги бетонираме нашите позиции, мојата цел беше таа , а сега Зоран Заев се обидува низ патриотска призма по вчерашното обраќање, но тоа не му стои – вели Мицкоски.

 

Поврзани содржини