МИЦКОСКИ Е ЗА ПАРЛАМЕНТ СО 90 ПРАТЕНИЦИ Една изборна единица, помалку трошоци

Ако може една побогата Словенија да има 90 пратеници, зошто ние да се луксузираме со 120, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

977

ВМРО-ДПМНЕ размислува да предложи намалување на бројот на пратениците од 120 на 90, изјави лидерот Христијан Мицкоски во во емисијата „360 степени“ на АлсатМ телевизија.

– Да го намалиме бројот на пратеници. Aко може една европска Словенија да има 90, a многу побогати се, зошто една Македонија да го има тој луксуз и да има 120 пратеници? Ајде да имаме 90 пратеници –  рече Мицкоски.






Toj посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го подржи предлогот на помалите политички партии за една изборна единица.

– Ние се залагавме за мнозински изборен модел, но немавме поддршка кај другите политички партии. Дали се исплашени, дали имаат некои други аргументи… Е сега, ако некој вели една изборна единица и дека мнозинството на граѓани сакаат една изборна единица, ние рековме дека сме подготвени да разговараме – појасни Мицкоски.

Поврзани содржини