МИЦКОСКИ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ОРБАН ВО БУДИМПЕШТА Премиерот ќе се обрати на најголемиот собир на конзервативци

За време на посетата, Мицкоски ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан, а ќе учествува и ќе се обрати на CPAC конференцијата која се смета за најголем и највлијателен собир на конзервативци во светот.

403

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе престојува во посета на Унгарија, соопшти владината прес-служба.

За време на посетата, Мицкоски ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан, а ќе учествува и ќе се обрати на CPAC конференцијата која се смета за најголем и највлијателен собир на конзервативци во светот.






Орбан говореше на отворањето на конзервативната CPAC конференција во Будимпешта, на која утре треба да се обрати и Мицкоски.

– Нашиот македонски херој Христијан Мицкоски победи на изборите иако цел Брисел го поддржуваше неговиот противник. Тој е чуварот на тврдина која ја штити европската јужна граница од миграцијата. Да живее Македонија – изјави Орбан.

Поврзани содржини