МИЦКОСКИ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ МАРКЕТИТЕ ДА ГИ ОБЈАВУВААТ ЦЕНИТЕ НА ВЕБ-СТРАНИЦА Владата ќе ги разгледува извештаите на инспекторите на седница

Премиерот рече дека не сака да шпекулира околу потребата од донесување мерки, пред да ги види извештаите на инспекторите.

1,594

Премиерот Христијан Мицкоски не откри дали Владата ќе преземе некакви мерки за зауздување на високите цени во маркетите пред да види што открил Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) при инспекциите кај трговците, дистрибутерите и производителите што беа извршени деновиве. Но, рече дека доколку има потреба од мерки, тој ќе предложи маркетите да бидат задолжени да ги објавуваат цените на производите на посебна веб страна, за да можат граѓаните да одберат каде ќе пазарат.

– Да почекаме малку, за половина час почнува седницата на Владата и ќе го разгледуваме извештајот на ДПИ. Не сакам да шпекулирам за евентуалните мерки. Тие се разгледуваат, но не би сакал да ги откријам пред време. Но, бидејќи сте упорни, јас ќе предложам една од работите за кои би требало да дискутираме да биде можност – сите трговски синџири на нивната јавна веб-страница, транспарентно, да ги објават сите цени на сите производи кои што ги имаат во своите маркети, да можат граѓаните да видат јасно колкави се цените, и самите да одлучуваат. Тоа е тренд во многу земји, па и ние би требало да го следиме – рече Мицкоски на денешната прес-конферанција во Владата.

Поврзани содржини