МИЦКОСКИ Е ПОДГОТВЕН НА ОСТАВКА Но, само, ако ги изгуби локалните избори

Обвинителството вчера поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца.

677

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да ја напушти функцијата, ако ги изгуби локалните избори. Ова тој го соопшти во одговор на новинарско прашање како ги коментира барањата за негова оставка од СДСМ поради трагедијата во Кочани.

-Не сакам да коментирам, цело време се трудам да не ја коментирам работата на обвинителството. Во суштина, генерално станува збор за политички пораки кои што доаѓаат од опозицијата. Одговорноста ќе ја видиме по три-четири месеци, на локалните избори граѓаните ќе кажат што мислат. Тоа што мисли СДСМ е една работа, а тоа што мислат граѓаните ќе го видиме многу скоро на избори. Така што, доколку граѓаните сметаат дека јас треба да заминам и да сносам политичка одговорност, уште истиот ден тоа ќе го направам, нема да чекам како што тоа беше во 2021 година. Но, знам дека граѓаните не го делат истото мислење со СДСМ и останатите кои што се обидуваат преку некрофилска кампања да добијат политички поен, мислејќи дека така и мене лично и на владата ќе им нанесат штета, мислам дека тоа им се враќа како бумеранг – рече Мицкоски.






Обвинителството вчера поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца.

На обвинетите им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност. Помеѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

Поврзани содржини