МИЦКОСКИ Е ЛАЖЕН ПАТРИОТ Бадијала глуми кога ја поддржа Резолуцијата на ЕПП со ставовите на Бугарија
Според владеачката партија, „боксерскиот речник на Мицкоски очигледно му е наследство од Никола Груевски, но реалноста е дека токму Мицкоски ги поткопа државните позиции со прифаќањето на Резолуцијата на ЕПП со бугарски ставови, односно по неговиот речник зададе сериозен удар на државните позиции“.
Мицкоски ја поддржа Резолуцијата на ЕПП со ставоите на Бугарија, бадијала глуми, тој е лажен патриот. Бадијала Христијан Мицкоски глуми, бара оправдувања за тоа што ја поддржа Резолуцијата на Европската народна партија со ставовите на Бугарија, обвинуваат од СДСМ, како реакција на денешното гостување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на една телевизија.
Според владеачката партија, „боксерскиот речник на Мицкоски очигледно му е наследство од Никола Груевски, но реалноста е дека токму Мицкоски ги поткопа државните позиции со прифаќањето на Резолуцијата на ЕПП со бугарски ставови, односно по неговиот речник зададе сериозен удар на државните позиции“.
– Мицкоски дома глуми патриот а надвор поддржува документи кои ги поткопуваат меѓународните позиции – стои во партиското соопштение од СДСМ.
Мицкоски денеска изјави дека „ако францускиот предлог е да не асимилираат и бидеме Бугари, тогаш така не сакам влез во Европската Унија“.