МИЦКОСКИ ЌЕ ИМ ДАДЕ ШАНСА НА СИТЕ КОИ БИЛЕ ОПОЗИЦИЈА Разговорите за новата владина коалиција ќе се водат во две насоки

Сакаме да разговараме со сите кои се дел од опозицијата за политиките и визијата која треба да се реализира, и ќе дадеме шанса на сите кои биле опозиција, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

509

Разговорите за коалиција ќе се водат во две насоки, ние сакаме да разговараме со сите кои се дел од опозицијата за политиките и визијата која треба да се реализира, и ќе дадеме шанса на сите кои биле опозиција, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата Само интервју на Канал 5.

Мицкоски укажа дека од ова раководство на ДУИ не очекува промена на нивните ставови.






– Јас од ова раководство на ДУИ не очекувам промени во позициите и дека би ги поддржале овие политики кои ние ги промовираме. Но, секому ќе му дадеме шанса. Нема да се однесуваме игнорантски како владата до сега – вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека мора да се има разбирање и за опозицијата и да се излезе во пресрет и на некои барања на опозицијата.

– Не може односот да биде имаме 61 пратеник, мнозинство и на останатите да им се лепат етикети – рече Мицкоски.

Според него мора да се ослободат граѓаните од притисокот во кој живеат.

– Видете какви вести има, се сѐ кои од кои полоши. Тоа мора да се смени – изјави Мицкоски.

Поврзани содржини