МИЦКОСКИ ЌЕ ЧЕКА ДОКАЗИ ЗА ДА ГО РАЗРЕШИ ДРАНГО Премиерот не планира да амнестира девијантни однесувања

Ќе биде разрешен, ако се потврдат овие тврдења. Тоа се девијантни однесувања кои ако се потврдат, немам намера да ги амнестирам, рече премиерот Христијан Мицкоски.

944

Премиерот Христијан Мицкоски најави разрешување на заменик-директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго ако се докаже дека ја убил мечката со кој што беше фотографиран.

Мицкоски рече дека ќе побара одговорност доколку се потврдат ваквите тврдења.






– Ќе биде разрешен, ако се потврдат овие тврдења. Тоа се девијантни однесувања кои ако се потврдат, немам намера да ги амнестирам – рече Мицкоски.

Случајот со мечката го покрена Здружението за заштита на животните Анима Мунди, споделувајќи фотографија на која се гледа директорот фотографиран со пушка покрај мртвото животно.

Според информациите кои ги објави „Анима мунди“, Дранго мечката ја застрелал во декември 2024 година. Според нив ова не е само кривично дело туку и тежок удар за угледот на институцијата која тој ја претставува и очекуваат негово разрешување.

– Таа фотографија со сите детали ни ја испратија на нашата електронска пошта. Исто така ни кажаа дека имало и обид да се пријави, но тоа било скриено дури и од лица кои работат во МВР. Уште пострашен е фактот што се работи за носител на јавна функција заменик-директор. Јас очекувам дека надлежните институции сериозно ќе се занимаваат со ова, добро ќе го истражат ова и тој ќе одговара како што налага кривичниот законик – изјави Гизела Бошковска Георгиевска од „Анима Мунди“.

Тој негира дека ја убил тврдејќи дека мечката настрадала во сообраќајна несреќа, па како вработен во „Македонија пат“ бил таму, за што наводно постои записник.

Битолското обвинителство отвори предмет за случајот.

Поврзани содржини