МИЦКОСКИ ЌЕ ЧЕКА ДО ПОЛНОЌ ЗА ДА ВИДИ ДАЛИ РЕЏЕПИ Е ЗДРАВ И ЖИВ Власта се служи со методи од 16 век
Како што вели тој, треба да се види дали пратеникот е жив и здрав, дали навистина поради евроинтегративни причини одлучил да не доаѓа или се држи некаде со присила.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека ќе чекаат до полноќ да се појави пратеникот Кастриот Реџепи од БЕСА, за кога и истекува крајниот рок за гласање доверба на владата.
Како што вели тој, треба да се види дали пратеникот е жив и здрав, дали навистина поради евроинтегративни причини одлучил да не доаѓа или се држи некаде со присила.
Мицкоски вели дека ако навистина се случило пазарење или тој спротивно на својата волја не дошол во Собранието, тогаш како што вели, нема смисла човек во оваа држава и со оваа власт да се заминава со политика.
Тој ги прозва премиерот и претседателот да се огласат, бидејќи како што вели тие се најодговорни во оваа ситуација.
– Оваа влада за да опстои се служи со методи од 16 век. Толку сум згрозен со методите со кои се користат од СДСМ и ДУИ, по што не знам дали да продолжам да се бавам со политика – вели Мицкоски, кој додаде и дека од владејачкото мнозинство би можеле на ист начин да обезбедат повеќе пратеници за да ѝ го продолжат животот на Владата во иднина.
Мицкоски резигнирано им се обрати на новинарите, предочувајќи им дека во демократската историја на Македонија не се видени полоши денови од денешниот.