Мицкоски ќе бара нова лидерска средба за одложување на изборите

Тој рече дека уште денеска ќе побара свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор за одложување на изборите.

570

Сите препораки на релевантните домашни и светски организации се дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Со вакви анализи и предвидувања изборите би значеле отворање на нови жаришта со коронавирус. Замислете ден на избори кога во една просторија каде има гласање илјадници избирачи ќе гласаат, ќе заокружат со пенкало, ќе имаат личен контакт со членовите на избирачкиот одбор. Во овие кризни моменти ова е ситуација кога човек одбира помеѓу личниот и интересот на државата и ова го велам од причина што сосема е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со убедлива разлика, но воедно одржувањето на избори ќе значи и изложување на илјадници граѓани, поточно над еден милион луѓе под директен ризик за нивното здравје и ширење на коронавирусот – истакна Мицкоски.






Тој рече дека уште денеска ќе побара свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор за одложување на изборите.

– Јас во овие моменти го одбирам, без трошка колебање интересот на државата и граѓаните, и затоа денес ќе побарам свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор одлагање на превдремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните. Потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и државата. Нема ниту една разумна, и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат, бидејќи за мене, а верувам и на останатите, борба за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо – рече Мицкоски.

Поврзани содржини