Мицкоски доживеа собраќајна незгода во Прилеп, непознато возило удрило во неговиот автомобил
Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека претседателот Мицкоски се чуствува добро и веднаш после незгодата се обратил на настанот пред прилепчани.
Во Прилеп на пат за настанот каде се промовираат политики на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата Христијан Мицкоски доживеа сообраќајна незгода, откако непознато возило удрило странично во возилото во кое се превезувал Мицкоски, велат извори од опозициската партија.
Причинета е помала материјална штета, и нема повредени во сообраќајката, освен помал потрес причинет од ударот на двете возила.
Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека претседателот Мицкоски се чуствува добро и веднаш после незгодата се обратил на настанот пред прилепчани.
Тој на трибината рече дека ќе се донеси закон за тутун со кој ќе се забрани увоз се додека не се откупи последниот лист домаше тутун, посочувајќи дека ќе се врати достоинството и развојот на градот.
– Нема да има тутунари кои што нема да бидат задоволни затоа што првата работа што ќе ја направиме за тутунарите е да донесеме закон со кој што ќе биде забранет увозот на тутунот додека тутунот кој што е непродаден не се продаде до последниот лист и тоа го ветувам овде во Прилеп, до последниот лист произведен тутун, закон во македонскиот парламент – вели Мицкоски.
Тој порача дека мотото и целта на ВМРО-ДПМНЕ е Прилеп повторно да стане најмоќен град во Пелагонија.
– Стојам овде, одговорно ве гледам во очи и ви го ветувам тоа, нема веќе неправди, ќе има развој и ќе го вратиме достоинството заедно со идниот градоначалник на Прилеп, за Прилеп повторно да биде најмоќниот град во Пелагонија. Тоа е нашата цел и тоа е нашето мото, јас ви го ветувам тоа – порача Мицкоски.