Мицкоски: Доаѓаат 1.000 проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните

Излезете и масовно поддржете го редниот број 14, заокружете го редниот број 14 и на тој начин одлучувате за онаа Македонија каква што сакаме да биде - порача Мицкоски од Шуто Оризари.

195

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со носителот на изборна единица 2, Владо Мисајловски ја посетија општината Шуто Оризари. При посетата Мицкоски на граѓаните порача дека на 15-ти јули доаѓа обновата на Република Македонија. Со обновата доаѓаат нови 1000 реални мерки и проекти кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните.

– Јас верувам дека овде може да биде поинаку и ви давам збор, го имате мојот збор дека навистина во следните четири години ќе направиме препород не само овде во Шуто Оризари туку секаде низ цела Македонија каде што живее ромскиот народ – вети Мицкоски.






Тој потсети дека власта за овие три години ништо не направи за доброто на Република Македонија. Се ветуваше сè и сешто, а од тоа, како што рече, донесоа само криминал, сиромаштија, рекет.

– Во онаа наша читанка која што ја нарековме „Проект-Обнова“ ќе најдете повеќе од 1.000 проекти. Таму има проекти и за вашето Шуто Оризари, но не и само за Шуто Оризари туку буквално за секоја педа. Повеќе од 1.000 проекти кои што се многу внимателно одбирани. Илјада проекти кои што ќе го подобрат квалитетот на животот на секој еден наш сограѓанин и таа евидентна разлика  ќе се види уште во првите 100 дена. Нема да чекаме со години туку уште во првите 100 дена ќе се забележи таа евидентна разлика. И повисока просечна плата за 25%, и повисока пензија за 20%, и повисоки субвенции за земјоделците за 640 милиони евра, повеќе од 1.000 километри нови патишта, реконструирани патишта локални и регионални, повеќе можности за образување за секој еден човек – нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има изготвено и преодна стратегија во која што се обезбеди студентите да не плаќаат школарина за учебната 2020/202, можеби и за угостителите овде во Шуто Оризари ќе биде примамливо да знаат дека ќе се намали данокот на додадена вредност од 18% на 10%, заклучно со 2021 година.

– Излезете и масовно поддржете го редниот број 14, заокружете го редниот број 14 и на тој начин одлучувате за онаа Македонија каква што сакаме да биде – порача Мицкоски од Шуто Оризари.

Поврзани содржини