На вечерашната дебата на МРТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му рече на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека со тоа што знаел дека на изборите ќе му се случи пораз во април, мислејќи да профитира во кризата и дека народот ќе му даде поддршка ги втурнал граѓаните во апокалиптично сценарио.
– Вашата намера господине Заев не беше чесна и честита затоа што знаевте дека ќе ви се случи катастрофален пораз на изборите во април, а потоа мислејќи во услови на криза дека народот ќе ви даде поддршка, вие мислевте дека на тој бран ќе добиете избори, а го втурнавте народот во апокалиптично сценарио – рече Мицкоски.
Заев на ова посочи дека е крај на политичката кампања и го замоли својот опонент да не биде толку негативен.
– Немојте да сте толку негативен. Секој има обврска да му помогне на народот, без разлика дали е опозиција или власт. Видовме како вашата Влада како се однесуваше со народот. Тоа беше време на страв и трепет – одговори Заев.