Мицкоски до Заев: Ме нарече „Мицко“ и дека сум бил „изгубен“, вчудовиден сум од примитивизмот
Жалам што граѓаните мора и вакви политичари да читаат и слушаат.
Вчера ме нарече „Мицко“, си помислив дека било мал лапсус, денес продолжи дека сум бил „изгубен“, а јас сум само вчудовиден од примитивизмот на поединци, кои навредуваат мислејќи дека така ќе привлечат внимание, а ги има неколкумина, му одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук на премиерот Зоран Заев.
„Нема да навредувам и на идентичен начин да одговорам само ќе констатирам дека народот е уморен од криминал, корупција, безидејност, примитивизам, неспособност, барем малку да го зачуваме нивото и достоинството. Жалам што граѓаните мора и вакви политичари да читаат и слушаат“, напиша Мицкоски.
Заев во изјава за медиуми рече дека не е изгубен идентитетот, туку Мицкоски и ако некој го најде да го врати во ВМРО-ДПМНЕ.