Мицкоски до Заев: Готови сте, но не ги жртвувајте граѓаните

901

Единствен кој што денеска треба да се плаши и да биде загрижен во Македонија за тоа што изминатите три години ги поминавме е токму Зоран Заев, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Курир.

– Jас можам да кажам дека не само што не чувствувам страв од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев, туку сум сигурен дека Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи и нив и нивната коалиција на парламентарните избори, кога и да се случат, заедно со сето нивно обвинителство, со сето нивно судство, со целиот притисок кој што го прават и врз граѓаните и врз институциите, со сите оние злоупотреби, куферчиња, обиди за поткуп и тука нема никаков проблем. Тоа треба на сите да им е кристално јасно – вели Мицкоски.






Единствената работа, додава лидерот на ВМРО – ДППМНЕ, која што мене ме плаши и за која што сум загрижен е дека една ваква авантура која што сака СДСМ да ја имплементира во нашата држава практично може да доведе до енормно зголемување на нови кластери на луѓе кои што ќе бидат инфицирани од ковид 19 вирусот, а тоа потоа тоа да имплицира и дополнителни загубени човечки животи.

– И тогаш се поставува прашањето дали вреди сето тоа? Јас лично мислам дека не вреди и тоа го кажав во една моја емисија дека не треба да бидам премиер ако една таква изборна трка значи дополнителна десетици или стотици или илјадници луѓе кои што ќе бидат инфицирани од ковид-19 вирусот, или неколку десетици човечки животи ќе згаснат поради политичари кои што се неодговорни. Така што да го сумирам одговорот на вашето прашање, во СДСМ имаат еден огромен страв од поразот кој што ќе им се случи бидејќи практично тоа ќе биде пораз кој што ќе значи одговорност за нив и таа авто сугестија се обидуваат да ја пренесат кон ВМРО-ДПМНЕ и останатите политички партии. Но јас само ќе им порачам и на Зоран Заев лично и на СДСМ дека се готови – вели Мицкоски.

 

Поврзани содржини