Мицкоски до Каракачанов: Прочитај го Блаже Конески, од него има што да научиш!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на Заев да собере сила и да реагира на ваквите изјави.

1,594

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук статус му одговори на тврдењето на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов дека македонскиот јазик е балкански есперанто.

Мицкоски му порачува на Каракачанов да го прочита Блаже Конески.






„Силно му препорачувам на министерот од Владата на нашиот источен сосед кој вели: „македонскиот јазик е балканско есперанто” да го прочита Блаже Конески и од него има што да научи, а на Заевата есперанто влада во Македонија која воопшто не реагира на ваквите изјави со неточна и навредлива содржина, да собере храброст и да се бори за националните и стратешките интерес“ напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

Поврзани содржини