МИЦКОСКИ ДЕНЕСКА ЌЕ ГО ОБЈАВИ БОЈКОТОТ НА СОБРАНИЕТО? Ковачевски се однесува незрело и недорасното

Од најголемата опозициска партија во Македонија сметаат дека последните анкети јасно ја покажуваат големата разлика во популарноста на ВМРО-ДПМНЕ и на владејачката СДСМ.

791

Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат за Плусинфо дека претпладне ќе се одржи состанок на претседателот на партијата Христијан Мицкоски со претставниците на пратеничката група на партијата, на кој ќе се дискутира за почетокот на активната блокада на Собранието, која според претходните најави почнува од утре (10 мај).

Најавено е на состанокот само да биде потврдена одлуката за блокада на Собранието, која следува по изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, со која тој потврди дека не е подготвен за дијалог.






– Лидерска средба заснована на уцени и закани, а го гледаме претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одбројува како во некој лош акционен филм, таква лидерска средба нема да има, тоа е ставот на сите политички партии, дури и од партии кои се во опозицискиот блок – изјави синоќа Ковачевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ напоменуваат дека понудата се однесуваше за разговор за датум за предвремени избори, како и понуда на 4 тимови од партијата за реформи и решенија во клучните области како економија, здравство, образование и надворешна политика со примат на прашањето и спорот со Бугарија.

– Несериозно е однесувањето на премиерот Ковачевски кој целата држава ја турка во уште поголема криза одбивајќи да разговара за клучните прашања во државата. Однесувањето е незрело и недорасното во ситуација кога премиер не сака дијалог со најголемата партија во државата и тоа за теми кои силно ги засегаат граѓаните. Тие ја туркаат земјата во уште поголем амбис, само за да ја задржат власта и привилегиите, додека народот го плаќа цехот на таквото однесување – вели нашиот извор во ВМРО-ДПМНЕ.

Од најголемата опозициска партија во Македонија сметаат дека последните анкети јасно ја покажуваат големата разлика во популарноста на ВМРО-ДПМНЕ и на владејачката СДСМ.

„21.2% од граѓаните својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 16.2% за СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е партија со најголема поддршка кај граѓаните, а СДСМ тоне. Претседателот Мицкоски е политичар со најголема доверба кај граѓаните и има рејтинг двојно поголем од Ковачевски. Анкетите се јасни. Предвремени парламентарни избори час поскоро за промени и иднина“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Според тоа што го велат од редовите на оваа партија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, околу пладне ќе го означи почетокот на бојкотот на Собранието.

Поврзани содржини