Мицкоски: Денеска 364 новозаболени, што уште треба да се случи да почнат оставки?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во пост на Фејсбук објавува и споредбена табела на новозаболени случаи за 24 часа на 1 милион жители во земјава и неколку држави во светот.

794

Лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во коментар на високите бројки на заразени од ковид-19  на својот фејсбук профил прашува што уште треба да се случи за да почнат оставки и промени во политиките на владата?

„Денес 364 нови случаи на заболени од Ковид. Што уште треба да се случи за да почнат оставки и промени во политиките на владата? Или ќе ѝ се стави крај на неспособноста на мафијата која убива, или ќе се дозволи целото население да се зарази со ковид. 775 семејства досега останаа без свој близок, затоа што Владата на Заев сметаше дека блеска, тогаш кога нивната неспособност да се справат со заразата, одземаше животи“, пишува Мицкоски.






Во постот тој објавува и споредбена табела на новозаболени случаи за 24 часа на 1 милион жители во земјава и неколку држави во светот.

Поврзани содржини