МИЦКОСКИ ДА СЕ ВРАТИ ВО ОСНОВНО, МАТЕМАТИКАТА МУ Е СЛАБА СТРАНА Бихаќка по двојната победа на Ковачевски и на СДСМ

„Што и да зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ, фактите се неумоливи. Тие на вонредните локални избори изгубија во две општини, а во третата имаат пад на гласовите од над 1.000 гласа“, велат од СДСМ.

859

Со двојната победа на СДСМ и владејачката коалиција, во Центар Жупа и во Маврово Ростуше, граѓаните испратија силна, јасна и недвосмислена порака дека сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности, соопшти владејачката партија.

„Граѓаните во тешки времиња препознаа дека СДСМ и европската коалиција го држат вистинскиот правец и ги спроведуваат вистинските, европски политики и на Мицкоски и Апасиев им испорачаа нов изборен пораз“.






Што и да зборуваат од ВМРО-ДПМНЕ фактите се неумоливи. Тие на вонредните локални избори изгубија во две општини, а во третата имаат пад на гласовите од над 1.000 гласа“, се вели во соопштението на СДСМ и се додава:

„Мицкоски може да се врати во основно образование, бидејќи и математиката и политиката му се слаба страна. Тоа што се обидува сопствениот пораз да го претставува за некаква победа покажува дека Мицкоски има проблем со математичките операции ама и со логиката. Можеби затоа и го нема да се јави Мицкоски со денови, макар и на својот ФБ профил. Нема што да каже, бидејќи граѓаните му кажаа дека се за напредок, развој, економски раст, повисоки плати, одговорност и посветеност, а против блокади, деструкции, лаги и шпекулации“.

Поврзани содржини