Мицкоски: Цената на струјата ќе се намали, ако се намали маржата на ЕВН

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека високата маржа што ја наплаќа ЕВН од дрежавните енергетски компании придонела да оствари профите од 35 милиони евра.

672

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска рече дека зад повисоката цена на струјата стојат интересите на семејството Заев.

– Со тоа ќе се позанимавеме во наредниот период – рече Мицкоски.






Според него, поради несоодветната маржа која му е овозможена на универзалниот снабдувач на струја (ЕВН), крајниот резултат финасиски резултат на компанијата е профит од 35 милиони евра.

– ЕВН се збогати 35 милиони евра  поради маржата на струјата кој ја наплаќа на државните компании која изнесува 11, 5 отсто. Но граѓаните ќе го плаќаат тоа преку повисоката цена на струјата – рече Мицкоски.

Тој додаде дека ,ако сакаме да се намали цената на струјата треба да се намали токму оваа маржа.

– Цената на електричната енергија се формира на начин на кој енергетските компании наплатуваат за својата услуга. Тука мислам на државните МЕПСО, НЕМО и ЕСМ сегашно-поранепно ЕЛЕМ за цената на електричната енергија која што ја продава на универзалниот снабдувач и тука Електродострибуција, која е приватна компанија, во сопственост на ЕВН Македонија и тука е маржата која што ја наплатува универзалниот снабдувач. Маржата која што ја наплаќа универзалниот снабдувал изнесува 11,5 проценти. Значи вкупната сума на пари која што ја плаѓаат граѓаните за тарифите на државите компании се зголемува за цели 11,5 проценти. Тоа на крајот од годината во 2019 година предизвикало да ЕВН Македонија има профит поголем од две миларди денари или околу 35 милиони евра. Еве начин како да се намали цената на електричната енергија, односно да не се поскапи – само треба да се намали маржата на универзалниот снабдувач – рече Мицкоски.

Според него,  граѓаните и домашните компании плаќаат маржа која највисока во Европа иако владата е доминантен сопственик во МЕПСО и ЕСМ.

Поврзани содржини