Мицкоски: Борбата за слобода продолжува

299

Илинден е носечкиот код врз кој почива оваа македонска држава и од тогаш до денес, секоја година на Св. Илија се празнува овој подвиг. 117 години од Илинденското востание татни комитското УРА за слободна, независна и автономна Македонија и 76 години од вториот Илинден кој ја печатираше желбата за слобода и ја круниса таа вековна епопеја на македонскиот народ за своја држава, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во честитката за Илинден.

 

„Треба да ги чуваме илинденските идеали од чија вредност како општество во овие мигови силно отстапуваме. Европската Унија се уште е далеку од нашиот дофат пред се поради неисполнетите реформи, криминалот и корупцијата која силно го гризе секој дел од општествито. Сиромаштијата расте, а граѓаните не се среќни, иселувањето не престанува.

Борбата за слобода е константа и таа продолжува. Илинден е нашиот слободарски крик за правдини чија што суштина и цели продолжуваат. Честит Илинден“, се наведува во честитката по повод Илинден од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.






Поврзани содржини