Мицкоски: Бизнисот тоне, а Заев и СДСМ размислуваат за фотелјите
Мицкоски рече дека показаталите на индустриското производство, бројот на работници во индустријата и трговскиот дефицит кои во изминатите шест месеци бележат опаѓање покажуваат дека сегашната власт води погубна политика за екомијата и стандарот на граѓаните.
Бизнисот тоне, банкарскиот и финансискиот сектор е пред распад, а Зоран Заев и СДСМ се насочуваат кон задржување на своите фотелји и бисниси, рече денеска на прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на која се осврна на состојбата на економијата во земјава.
Тој рече дека показаталите на индустриското производство, бројот на работници во индустријата и трговскиот дефицит кои во изминатите шест месеци бележат опаѓање покажуваат дека сегашната власт води погубна политика за екомијата и стандарот на граѓаните.
– Прво, за шест месеци во 2020 година споредено со истиот период во 2019 година индустриското производство бележи пад од 14,6 отсто. Второ бројот на работници во индустријата кумулативно јануари – јуни е намален 4,4 проценти. Трето тоа го покажува и стокаовата размена со странство. Кумулативно за шест месеци извозот падна за 22,3 отсто, додека увозот бележи пад од 18, 1 отсто- рече Мицкоски.
Тој додаде дека е уште позагрижувачка состојбата со државниот долг кој од 4,5 милијарди евра, порасна за 982 милиони евра и се зголеми на 5,5 -6 милијарди евра. Тоа зголемување е само за едно тромесечие за вториот квартал.
– Јавниот долг е зголемен за 967 милиони евра.Цела милијарда евра е задолжена државата. Секое македонско семејство за еден квартал владата на Зоран Заев и Оливер Спасовски го задолжи за 120.000 денари. Па ќе речеат дека ние сме биле за задолжување, но ние предлагавме задолжување прво да се справиме здравствената кризџа каде што потфрливме, а последиците од ковид -19 се сѐ поголеми и втората цел беше да се справиме со економските последици, а резултатите покажуваат дека и на тој план ништо не е направено – рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ праша каде се потрошени 1 милијарда ева и даде одговор дека одговорот лежи во буџетскиот дефицит кој , како што рече, го потрошила оваа влада за органиизрање на најкоруптивни избори.
– Одговорот е во буџетскиот дефицит кој во 7 месеци изнесува 520 милиони евра. Владата ги потроши за да ги спроведе најнедемократските избори во историјата на земјава. За август бројките ќе бидат уште полоши. Планираниот дефиците е далеку од она што го имаме сега- рече Мицкоски.
Тој рече дека погрешните политика на сегашната власт резултираа со вака лоши резултати во економијата.
– Но цехот на крајот ќе го плати народот, со тоа што секое семејство во земјава е задолжено со 120.000 денари – рече Мицкоски.