Мицкоски: Бараме владата да ги прифати нашите предложени мерки

Бараме целосно да се замрзнат плаќањата по основ на главнина и камати на граѓаните и бизнисот кон банките и заемодавателите главнина и камати на граѓаните и бизнисот кон банките и заемодавателите – рече Мицскоски.

540

Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека тие веќе десет дена апелираат и молат до Владата без маневри и политички гимнастики да излезе и да ги прифати следните мерки за поддршка на бизнисот.

Тој вели дека државата треба да покрие до 50 проценти од бруто трошоците за вработените по основ на нето-плати и придонеси, а не само нето-плати како што предлага СДСМ, а впрочем и таа половина што ја предлагаат е ограничена на 14.500 денари.






– Бараме целосно да се замрзнат плаќањата по основ на главнина и камати на граѓаните и бизнисот кон банките и заемодавателите главнина и камати на граѓаните и бизнисот кон банките и заемодавателите – рече Мицскоски.

Лидерот на ВМРО побара веднаш Владата да се откаже од непродуктивните трошоци од буџетот и безусловна интензивна реализација на капиталните инвестиции. Робусна и стопроцентна реализација на капиталните инвестиции.

– Бараме владата да го покрие транспортниот сектор со укинување на плаќањето на патарина и царински давачки покрај тоа што се огромни трошоците на транспортните компании, а приходот е речиси еднаков на нула патарините претставуваат сериозно место каде што може да настане ширење на оваа пандемија. Бараме одлука за укинување на сите давачки царински и даночни за набавка на здравствени маски, препарати и уреди потребни за справување со корона вирусот – додаде Мицкоски.

Тој побара прекинување на непродуктивните трошоци за времени вработувања, наменети за партиските војници на СДСМ кои во минатото овие лица беа ангажирани со изговор зголемен обем на работа, а поради актуелната состојба не може да стане збор за зголемен обем на работа.

– Владата да донесе уредба со сила на закон за поништување на одлуката со која се купува удел во АД ГА-МА Скопје и средствата кои се на сметката на НЕР АД Скопје во висина од 32.000.000 € да се пренаменат и искористат за санација на штетите од пандемијата – рече Мицкоски.

 

Поврзани содржини