Мицкоски бара праведно судење за 27 април: Чашата ја прели наградата за Кацарска во Уставен, не си играјте со народот! ВИДЕО
Пендаровски ја менуваше својата изјава во неколку наврати, првично рече дека луѓето не се вниновни за тоа што се осудени, и тоа е нашето барање. Тоа е да се врати процесот отпочеток и да се судат за тоа што навистина го погрешиле пред законот, а не за тоа што го нарачал Зоран Заев за да денеска Кацарска стане претседател на Уставниот суд, рече Мицкоски.
Револтиран е народот и му е преку глава. Чашата ја прели именувањето на Кацарска за претседател на Уставниот суд. Народот е на ивица на трпение и ако продолжи вака отсутно да се однесуваат Зоран Заев и владата на СДСМ, јас се плашам дека работата ќе се радикализира уште повеќе, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечершаниот протест пред Владата на кој се бара правда за осудените во настаните на 27 април.
Мојата порака до нив е да не си играат со трпението на народот затоа што тоа трпение има и свој крај, додаде Мицкоски.
– Пендаровски ја менуваше својата изјава во неколку наврати, првично рече дека луѓето не се вниновни за тоа што се осудени, и тоа е нашето барање. Тоа е да се врати процесот отпочеток и да се судат за тоа што навистина го погрешиле пред законот, а не за тоа што го нарачал Зоран Заев за да денеска Кацарска стане претседател на Уставниот суд – рече Мицкоски.