МИЦКОСКИ БАРА ПЕНДАРОВСКИ ДА НЕ СОЗДАВА ПОДЕЛБИ Македонскиот народ е промакедонски, а не проруски
Од 100 македонски граѓани половина уште останаа во Украина и не може да си ги донесат тука, а ќе одела Славјанка да војува, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
На прашањето, дали некој од актуелната власт му понудил дил за предавање на власта во замена за тоа актуелните политичари на власт да не одговараат или да избегнат одговорност за катастрофалната состојба во која ја доведоа државата почнувајќи од енергетската криза како и ценовниот шок, тој рече дека не е човек кој прави дилови.
– Оваа работа не ја работам за дилови туку ја работам за историја. Така почнав и претпоставувам така ќе го завршам мојот политички живот, за да еден ден дојде некој мој правнук и да каже – тој ми беше дедо – истакна Мицкоски.