Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште еднаш денеска побара оставка од Владата, откако Сашо Мијалков, за кого се тврдеше дека е во бегство, се појави во обвинителството за да го земе решението за домашен притвор.
– Уште еден доказ дека неспособна мафија ја води државата. Оставка веднаш! – напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук, по објавувањето на веста дека Мијалков сам дошол во обвинителството.
Претходно денеска Мицкоски, по повод бегството на Мијалоков, одржа прес-конференција на која побара оставка од Владата, во спротивно најави поднесување барање за изгласување недоверба на Владата во Собранието.