МИЦКОСКИ БАРА БРЗИ ИЗБОРИ, СДСМ ВЕЛИ: ВО 2024 ГОДИНА Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува лидерска средба

Во делот на дополнителното прашање за коалицијата, коалицијата е стабилна, парламентарното мнозинство е стабилно и како резултат на сето тоа наредните парламентарни избори ќе бидат 2024 година и ќе бидат редовни, рече пратеникот на СДСМ, Каевски.

254

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денес при посетата на Гевгелија рече дека и во минатото покажал дека не е склон на нарачки или притисоци, но дека токму СДСМ знаe како е да добиваат нарачки од еден град во близина на Гевгелија, од едно познато семејство.

– Тие можеби работат по тој принцип на нарачки, но ВМРО-ДПМНЕ работи исклучиво за интересите на граѓаните и интересите на Македонија и така и ќе продолжи. Инаку, она кое што вчера го донесовме како заклучок на седницата на ИК, практично е реакција на акцијата на власта и за сите понатамошни последици власта ќе биде таа која ќе биде одговорна бидејќи јас лично и ВМРО-ДПМНЕ многу пати во изминативе сто дена повикувавме на заедништво, повикувавме на дијалог да седнеме да зборуваме за проблемите, за одржување на предвремени парламентарни избори, па ако се навистина толку јаки, ако велат дека народот ги сака, тие ќе нѐ декласираат на тие предвремени избори и ќе имаат чист мандат од четири години да ги спроведат политиките кои велат дека народот ги поддржува, така барем велат во нивните партиски соопштенија. Единствен начин да проверат дали тоа што го пишуваат во соопштенијата е да излезат на избори, да се охрабрат и да видат дали Мицкоски се плашел или СДСМ се плаши. Еве јас не се плашам, велам ајде да седнеме да разговараме очи во очи, ајде да одиме на избори, немам од таа страна потврден одговор, така што, единствен кој ќе биде одговорен од сега па натаму за сето она што ќе се случува во Македонија е раководството на СДСМ и самиот СДСМ – рече Мицкоски.






Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ, на повиците на ВМРО-ДПМНЕ за избори, денеска на новинарско прашање одговори:

Ние сме дијаметрално спротивни страни, ние сме на страната на граѓаните и носиме реформски и важни закони, ВМРО-ДПМНЕ е буквално на страната на опструкциите, блокадите и сакаат преку политички ситни поени да дојдат и да добијат некакви политички поени. Во делот на дополнителното прашање за коалицијата, коалицијата е стабилна, парламентарното мнозинство е стабилно и како резултат на сето тоа наредните парламентарни избори ќе бидат 2024 година и ќе бидат редовни.

Поврзани содржини