Мицкоски: Јас ќе ги вратам таблите што ќе ги смени Заев

Јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и противзаконски грешки порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

1,640

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на „Фејсбук“ најави дека кога ќе дојде на власт прва работа што ќе направи ќе биде да ги смени историските табли што премиерот Зоран Заев сака да ги смени за да нема бугарски фашистички окупатор.

– Јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и противзаконски грешки. Враќањето на таблите кои ја рефлектираат вистинската историска вистина, а Заев ќе ги смени, што ќе биде меѓу првите грешки што ќе ги исправиме – порача Мицкоски.

Поврзани содржини