Мицкоски aпелира до владата: Или прифатете електронски попис или одложете го за напролет

332

Сведоци сме дека голем број на држави во регионот како што се нашиот сосед Бугарија, нашиот сосед Србија, од поблиското опкружување гледаме Хрватска, Романија, Сојузна Република Германија, водејќи сметка и грижејќи се за здравјето на граѓаните одлучија да го одложат пописот кој што беше планиран да се случи оваа 2021 година за есента или за пролета 2022 година или есента 2021 година, вели Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДППМНЕ.

– Бидејќи кај нас пописот е невозможно да се случи есента 2021 година поради локалните избори и кампањата која што тогаш ќе се случува, апелираме до владата на разум, апелираме до собранието на разум да се грижат за здравјето на граѓаните и да го одложат пописот за пролета 2022 година. Ништо нема да промени доколку неколку месеци пописот биде одложен, наместо овој кој што е планиран во април 2021 година.






Гледаме дека воопшто не се ни направени пописните тимови, ниту пак обучувачите на истите пописни тимови, имајќи ги предвид пандемските услови во кои што државата се наоѓа и невозможно е истите да бидат обучени а притоа да биде заштитено практично здравјето на тие луѓе кои што ќе бидат дел од тие пописни тимови.

Да потсетам, станува збор за илјадници наши сограѓани чие што здравје владата директно го изложува и ги загрозува нивните животи – рече Мицкоски. 

Немаме вакцини со што би ги заштитиле тие луѓе,  додаде тој, слушаме дека првите вакцини кои што евентуално би пристигнале во државата во една скромна количина во Македонија се некаде на почетокот на месец март.

– Еве помина и јануари, ќе помине претпоставувам и февруари, а ние остануваме заковани убедливо на дното и нема начин како тие луѓе кои што утре ќе ни тропнат на нашата врата да ги имунизираме и да бидеме сигурни дека нашето здравје, но и здравјето на околината ќе бидат заштитени, бидејќи за жал вакцини нема и покрај тоа што опозицијата прави се во парламентот да  им овозможи на надлежните еднашка да си ја завршат работата за која што се платени. Да не мислат на провизии, да не мислат на лоповлук, да не мислат на криминал.

Апелираме на разум, доколку разум не постои да биде пописот одложен за 2022 година.

Апелираме од владата и до надлежните во парламентот да го прифатат предлогот на опозицијата за електронски попис, уште во 2015 година поддржано од страна Европската унија, Европската комисија, Министерството за информатичко општество и администрација има услови да ги подготви базите на податоци за спроведување на електронски попис, проект кој што заври 2018, 2019 година. Не го изложувајте здравјето на граѓаните. Не бевте способни да го заштитите, не бевте способни да донесете вакцини за тие кои што сакаат  да го заштитат здравјето вакцинирајќи се, да им го овозможите тоа, овој пат барем направете електронски попис – порача Мицкоски. 

Разбирам дека сакате со вашите активисти, и активистите на ДУИ и СДСМ да им дадете определена дневница за да бидат мотивирани, бидејќи се крајно демотивирани да работат на локалните избори, рече Мицкоски и порача:   

– Но, верувајте здравјето на граѓаните и човечките животи немаат цена. Не смееме да газиме преку живи луѓе. Оставете ја оваа статистичка операција за пролета 2022 година или еве еднашка охрабрете се направете електронски попис по теркот на државите од Европската унија. Тоа ќе значи дека граѓаните ќе имаат доверба во таа статистичка операција, нема да зависиме од политичкиот двоен потпис и на крајот на денот ќе можеме пристојно да си ја развиваме нашата Македонија.

Поврзани содржини