Мицкоски: Ако се фалат дека имаат јаки бази на податоци, нека направат електронски попис

Овој предлог на Мицкоски доаѓа по предлогот за набавка на терминали за фингерпринт кои беа одбиени од власта.

1,176

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ѝ предложи на владејачката гарнитура да спроведе електронски попис со вкрстување на податоците од базите на податоци, бидејќи, како што вели, власта се фали дека има јаки бази на податоци.

Овој предлог на Мицкоски доаѓа по предлогот за набавка на терминали за фингерпринт кои беа одбиени од власта.






– Еве имаме и трета ексклузивна понуда, направете електронски попис. Еве имате, велите, бази на податоци, вкрстете ги, направете електронски попис. Чуму ви се потребни пари да трошите по луѓе, попишувачи кои што ќе дојдат дома, па потоа да имате двоен потпис иако според законот за статистика- изјави Мицкоски за порталот „Инфомакс“.

Тој рече дека според Закон за попис актуелниот заменик директор на Заводот за статистика нема никакви ингеренции за да може да има потпис врз резултатите од пописот. Тој рече и дека тоа е  противзаконски и неуставно.

– Еве јас не сум правник, но читав, заменик директорот во Завод за статистика нема буквално никакви ингеренции, а камо ли двоен потпис. Незаконско е тоа дело, незаконско и неуставно. Тоа е човекот кој што треба да ги контролира процентите кои што однапред некој ги поставил како коалициски договор, и тоа фрла дамка на целиот процес и создава сомнеж кај граѓаните –  рече  Мицкоски.

И затоа, додаде тој, е и револтот и недовербата кај определени граѓани, без разлика ан етничката припадност.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ срече дека не треба власта да се заканува на граѓаните за непопишување со казна затвор.

– Брутална лага е дека некој кривично  ќе одговара ако одбие да се попише. Не постои такво нешто. Народот треба да знае дека такво нешто не постои. Постои прекршочна глоба која што може да се движи од 200 до 300 евра по лице – рече  Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Уставот вели дека секој е одговорен за сопственото здравје. И може да помине само со опомена ако одлучи да не ја отвори вратата.

– Уставот е една работа, а ние имаме работа со Зоран Заев. Имајте предвид дека овој човек е подготвен на се, и тој нема да го казни Оливер Спасовски и тие кои што се активисти на СДСМ, туку оние кои што се идентификувани како лошите Вмровци. Тогаш ќе ви рече каков Устав,какво здравје, не ме интересира, ќе ја укине пандемијата – додаде Мицкоски.

Поврзани содржини