Мицкоски: Ако Бугарија не попушти, бараме напуштање на договорот и склучување нов

Не би сакал да верувам дека овие акробации на Бугарија се за една употреба во насока на тоа што следи кај нив за неколку месеци, а тоа се парламентарни избори - заклучи Мицкоски.

1,464

ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара за идентитетот. Ако Бугарија продолжи со своите барања, треба напуштање на овој Договор на Зоран Заев и ќе бараме нов договор, рече во интервју за МТВ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека отприлика за една година следи Конгрес на партијата и ако и по Конгресот, како што рече, ситуацијата излезе ваква каква што е, ќе се побара јасна декларација.






– Ќе излезам и ќе побарам јасна декларација дека никогаш нема да преговараме за посебноста на македонскиот јазик, идентитет, историја. А доколку продолжи соседна Бугарија да инсистира на истото, за нас Договорот со Бугарија ќе биде мртов. Еден ваков договор треба да нуди иднина, а не минато. Овој Договор со Бугарија не нуди иднина – рече Мицкоски.

Тој заклучи дека доколку продлжат вакви барања од Бугарија кон државава, во тој случај ќе треба да се оди на нов договор.

– Ако европските бирократи продолжат да стојат на страна и покрај хегемонистичките и големодржавни идеи на Бугарија и не ги почитуваат нашите заложби за Европската унија, тогаш заклучувам дека не споделуваме исти вредности, треба да се европеизираме сами и да чекаме други гарнитури политичари со кои сме на иста линија – рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека доколку европските партнери сакаат, тие треба да и кажат на Бугарија да не споделува вакви, како што посочи, хегемонистички и големодржавни идеи и да ја убедат дека земјава треба да почне преговори.

– Не би сакал да верувам дека овие акробации на Бугарија се за една употреба во насока на тоа што следи кај нив за неколку месеци, а тоа се парламентарни избори – заклучи Мицкоски.

Поврзани содржини