МИЦКОСКИ ЈА ОСУДИ ПРЕСУДАТА ЗА НОВИНАРКАТА ВЕЈСЕЛИ Ја смета за ограничување на слободата на говорот

Било кој напад врз новинар, вклучително и овој, најостро го осудувам, без разлика дали е од политичар, јавна личност или судија - изјави Мицкоски.

176

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најостро ја осуди пресудата со која новинарката Лиридона Вејсели е казнета поради спомнување на името на судија во новинарско известување, оценувајќи дека станува збор за недозволиво ограничување на слободата на говор и напад врз новинарската професија.

– Не можам да побарам од судијата одговорност, не сум тој што именува судии. Најостро го осудувам ваквиот тип ограничување на слободата на говорот. Новинарите треба етички да се однесуваат, да ја информираат јавноста и за тоа да служат, и било кој напад врз новинар, вклучително и овој, најостро го осудувам, без разлика дали е од политичар, јавна личност или судија – изјави Мицкоски.






Претходно, Обвинителството ја гонело новинарката, а судијката Магдалена Мишоска од Основниот суд во Гостивар ја осудила Вејсели на парична казна од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пресудата е донесена затоа што во новинарско известување било спомнато името на судијата Назиф Илјази од Основниот суд во Тетово.

Пресудата предизвика остри реакции во јавноста. Меѓу оние што реагираа е и заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени, Здружението на новиинари, како и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми.

 

Поврзани содржини