По рекордната бројка на новозаразени со коронавирусот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук порача дека тоа е национална катастрофа за која е одговорна владата.
– 445 новозаразени лица и дури 9 починати. Национална катастрофа за која е одговорна Владата. Нема изговори. Имаа 8 месеци да се подготват за новиот бран, бараа избори за да ја зголемеле ефикасноста, објаснуваше Заев за „танцот” и „чеканот”, и еве ги резултатите. Уште колку семејства ќе се зацрнат за да се сетат за оставки и промена на политиките, напиша Мицкоски.
445 новозаразени лица и дури 9 починати. Национална катастрофа за која е одговорна Владата. Нема изговори. Имаа 8 месеци…