Надзорна расправа во Собранието од која би произлегла заедничка декларација за македоснките позиции во однос на Бугарија, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во гостување во 24 анализа.
Тој вели дека иницијативата официјално се уште не е поднесена, но е една од првите работи кои ќе се случат во текот на утрешниот ден. Мицевски обвинува дека владата не прави ништо да ги заштити националните интереси на македонците и дека тргува со идентитетот.
– Ова е тоа за што зборувавме кога се потпишуваше Договорот за добрососедство. ВМРО-ДОМНЕ тогаш бараше да не се брза, да се стави црвена линија под која македонското прашање и потпишувањето на договорот ќе биде усогласено од власта и опозицијата, да не дојдеме до ситуацијата во која сега се наоѓаме. Не убедуваат дека сите работи се решени – рече Мицевски.
Тој смета дека сме биле убедувани дека нема да има проблеми и се ќе биде во ред, а сега на првата пречка удираме во кинески зид и доколку не се седне да се разговара за црвените линии, ќе имаме проблем. Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја осудува секоја негаторска политика кон државата и македонскиот народ и Гоце Делчев е апостол и идеолог на современата македонска држава и коренот на нашите претци и иднината на овој народ од која се освестат и нема да има отстапки во тој поглед.
Во однос на тоа дали би имало нови предвремени парламентарни избори, Мицевски најавува дека има огромно незадоволство во коалиционите партнери на СДСМ и во наредниот период политиката е менлива работа и може да се случуваат многу работи. Потенцираше дека опозицијата нема да ги сопре протестите и откривањето на сите коруптивни дејствија на власта.
– Највувам дека ќе има огромно незадоволство меѓу коалициските партнери на СДСМ и во наредниот период политиката е менлива работа. Незадоволството ќе расте, а ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со народот. Од она што го имам како информација, сметам дека незадоволството може да доведе до промена на состојбата на бројките и во парламентарното мнозинство кое во наредниот период може да се случи рече Мицевски.